Saturday, January 2, 2010

Цитати од Алхемичарот

Цитати од "Алхемичарот" на Пауло Коелјо



"Токму можноста да се оствари еден сон,го прави животот поинтересен."

"Во определен миг на нашето постоење,ја губиме контролата над сопствениот живот и и се препуштаме на судбината.Ете,тоа е најголемата лага на светот."

"Тоа е она што секогаш си сакал да го правиш.Сите луѓе,на почетокот на својата младост,знаат што е нивна
Лична Легенда.Во тој период од животот,се е јасно,се е можно и тогаш луѓето не се плашат да сонуваат и да посакаат што би сакале да прават во животот.Меѓутоа,како што одминува времето,некоја таинствена сила се стреми да докаже дека не е можно да се оствари Личната Легенда."

"Таинствените сили се навидум зли сили,ама тие всушност кажуваат како да ја оствариш својата Лична Легенда.Тие ти ѓи подготвуваат духот и волјата,зашто на оваа планета постои само една вистина:без оглед кој си и што правиш,кога нешто навистина сакаш,тоа значи дека таа желба е настаната во Душата на Вселената.Тоа е твојата мисија на Земјата..."

"...а кога сакаш нешто,целата Вселена прави заговор за да ја оствариш својата желба."


"Луѓето секогаш имаат услови да го направат она за што сонуваат."

"Ако почнеш да го ветуваш она што го немаш,ќе загубиш волја да го стекнеш."

"Во животот се си има своја цена."

"Животот сака да ја проживееш својата Лична Легенда."


"Бог го има означено на светот патот по кој треба да оди секој човек.Треба само да се прочита она што тој го има напишано за тебе."

"Старецот му рече да поставува јасни прашања,зашто камчињата(Урим и Тумим) им користат само на оние кои знаат што сакаат."

"Овците го научија на нешто многу поважно:дека на светот постои еден јазик,што сите го разбираат,и кој момчакот го користеше цело време за да го унапреди работењето во дуќанот.Тоа беше јазикот на ентузијазмот,нештата создадени со љубов и волја,во потрагата по нешто што се сака и во што се верува."

"Кога сакаш нешто,целата Вселена прави заговор за да ја оствариш својата желба."


"Не постојат случајности."

"Колку повеќе човекот се приближува до сонот,толку повеќе Личната Легенда станува вистинска причина за постоењето."

"Претчувствата се брзи нурнувања на душата во Универзалната струја на животот,во која меѓусебно е поврзана историјата на сите луѓе,така што можеме се да знаеме,зашто се е запишано."

"Само оние упорните,само оние кои многу истражуваат,успеваат да го остварат Големото Дело."

"Светот има една Душа,и кој ќе ја сфати Душата,ќе го сфати и говорот на нештата."

"А тогаш,небаре запре времето,и небаре Душата на Светот со сета своја сила се појави пред момчакот.Кога се загледа во нејзините црни очи,во нејзините усни кои се двоумеа меќу насмевка и молк,го сфати најзначајниот и најмудриот дел од Јазикот со кој зборува светот,и кој можат да го разберат сите луќе на светот во своите срца.А тоа се викаше Љубов,нешто постаро и од луѓето и од самата пустина,а кое сепак секојпат со иста сила избликнува кога ќе се сретнат два погледа каде и да е,како што овојпат тоа се случи крај еден бунар.Најпосле,усните се решија за насмевка,а тоа беше знак,знак што тој,не знаејќи,го очекуваше толку долго во својот живот,знакот што го бараше и меѓу овците и меѓу книгите,меѓу кристалите и во тишината на пустината."

"Во тој миг момчакот единствено сфати дека се наѓа пред жената на својот живот,а и нејзе не и требаа зборови за да го дознае истото.Во тоа беше посигурен отколку во било што на светот,иако родителите и родителите на неговите родители велеа дека првин треба да се води љубов,да се направи свршувачка,да се запознаат младенците и да се имаат пари пред женидбата.Тој што го велеше тоа никогаш не го запознал универзалниот јазик,зашто кога ќе се нурне човек во него,,тогаш му е лесно да сфати дека ба светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата,без оглед дали тоа се случува сред некоја пустина или во некој голем град.И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи,сето минато и сета иднина го губат своето значење и постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под Сонцето ги има испишано една иста Рака.Рака која ја буди Љубовта и која создала една душа близнак за секоја личност што работи,што се одмора и што бара богатство под сонцето.Зашто без тоа ниту еден сон на човековата раса нема да има смисла."

"Кога се сака,работите имаат уште поголема смисла."

"Тајната е во сегашноста;ако обрнеш внимание на сегашноста,можеш да ја подобриш.А ако ја подобриш сегашноста,ќе биде подобро и она што ќе ти се случи подоцна.Заборави ја иднината и секој ден од својот живот живеј го според поуките на Законот и со верба дека Бог се грижи за твоите деца.Секој ден ја носи Вечноста во себе."



"Љубовта не го спречува човекот да ја следи својата Лична Легенда.А ако се случи тоа,тогаш значи дека не се работело за вистинска љубов,за онаа за која зборува Јазикот на Светот."


"Се љуби затоа што се љуби.Не постои причина поради која се љуби."

"Те љубам затоа што еден ден сонував,затоа што сретнав еден крал,затоа што продадов кристали,ја поминав пустинава,затоа што завојуваа племињата и затоа што стигнав до еден бунар за да дознаам каде живее еден Алхемичар.Те сакам затоа што целата вселена направи заговор за да дојдам до тебе."


"Мудреците сфатиле дека овој природен пат е само слика и копија на Рајот.Самото постоење на овој свет е гаранција дека постои посовршен свет од него.Го создал Бог за да можат луѓето,со помош на видливи нешта,да ја сфатат неговата духовна поука и убавините на неговата мудрост.Тоа е она што јас го викам Дејствување."

"Наслушај го своето срце.Тоа знае се,зашто е потекнато од Душата на Светот и еден ден ќе се врати во неа."

"Момчакот продолжи да го слуша своето срце додека патуваа низ пустината.Почна да ги препознава неговите итрини и трикови,а со самото тоа почна и да го прифаќа такво какво што е.Така момчакот престана да чувствува страв и веќе не сакасе да се рвати,зашто едно попладне срцето му рече дека е задоволно."Дури и ако премногу барам",му зборуваше неговот срце,"тоа е затоа што сум човеково срце,а човековите срца се такви.Се плашат од остварувањето на своите сништа,зашто сметаат дека не го заслужуваат тоа или дека ќе доживеат неуспех.Ние премираме од страв и при самата помисла на љубовите што засекогаш си отидоа,на миговите што моѓеа да бидат убави а не беа,на богатствата што можеа да бидат откриени а засекогаш останаа скриени во песокта.Зашто,кога ќе се случи тоа,многу страдаме."

"Кажи му(на своето срце)дека стравот од страдање е полош од самото страдање.И дека никогаш ниедно срце не страдало кога тргнало во потрага по своите сништа,зашто секој миг од потрагата е миг на средба со Бога и со Вечноста."

"Секој човек што го носи Бога во себе е среќен."

"Пред да се оствари некој сон,Душата на Светот секогаш настојува да го провери наученото за време на патот.таа тоа не го рпави од злоба,тукуз а да можеме,заедно со нашиот сон,исто така да ги совладаме научените лекции за време на одењето кон неа.Тоа е она за што ние во пустинава имаме обичај да кажеме:"да се умре од жед во мигот кога на хоризонтот веќе се појавиле палми."


"Најмрачниот миг настапува спроти самото изгрејсонце."

"Кога пред нос имаме големи богатства,никогаш не ги забележуваме.Затоа што луѓето не веруваат во богатства."


"Момчакот и неговот срце станаа големи пријатели-така што ниеден од нив не можеше да го предаде другиот."


"-Дали срцата секогаш им помагаат на луѓето?
-момчакот го праша Алхемичарот.
-Само на оние кои ја живеат својата Лична Легенда."





"Кога луѓето војуваат,и Душата на Светот ги чувствува криковите на борбата.Никој не може да ги избегне последиците од она што се случува под сонцето."


"Очите ја покажуваат моќта на душата."


"Кога нешто се развива,се развива и се околу него."

"Оној кој се меша во туѓа Лична Легенда,никогаш нема д аја откире сопствената."

"Не препуштај му се на очајот.Ако ти се случи тоа,нема да успееш да поразговараш со своето срце."

"Оној кој ја живее својата Лична Легенда,тој го знае она што треба да го знае.Соништата стануваат неостварливи само поради една работа:стравот од неуспех."

"Смртта ги принудува луѓето подобро да го почувствуваат животот."


"Во мене се ветриштата,пустините,океаните,ѕвездите,и се што е создадено во Вселената.не создала иста Рака,а имаме и иста Душа."

"Кога љубиме,секогаш сакаме да бидеме подобри отколку што сме."

"И момчакот се нурна во Душата на Светот и виде дека Душата на Светот е дел од Душата на Бога и виде дека Душата на Бога е неговата сопствена Душа.И дека,според тоа,може да прави чуда."


"Таму каде што е твоето богатство,таму ќе ти биде и срцето."